Македонија

Мицкоски: Благодарам народе на Македонија, заедно испишуваме историја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во над 30 општини уште во првиот круг на локалните избори

Прогласувајќи победа во градоначалничката трка во над 30 општини и водство речиси во уште толку по првиот изборен круг од локалните избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се заблагодари за добиената доверба.

„Ветивме победа, имаме победа. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока, избра вредности. Ова е само почеток на новата македонска енергија. Покажавме дека политиката може да биде без навреди, дека чесноста вреди, дека резултатите носат доверба и граѓаните го препознаа тоа.

Оваа победа ја градевме не со ветувања, туку со работса, не со спектакли, туку со упорност. Затоа таа не е само наша, туку на сите што веруваат дека државата треба да оди напред. Македонија има сила, има и луѓе, но и волја. Кога тие три нешта ќе се соединат, нема сила што може да не победи.

Вечерва не славиме, туку ветуваме дека ќе работиме уште повеќе. Ги имавме најдемократските избори досега, а секоја забелешка е само изговор за слабите резултати на опозицијата. Ги поразивме тие што зборуваа за орли и зајци наместо за конкретна понуда пред граѓаните.

Довербата не е награда, таа е задача што почнува утре наутро“, рече Мицкоски од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да градиме подобро утре за нашите деца и сите граѓани

„Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

To top