Македонија

Истакнат член на СДСМ за матичната партија: Од струмичко бизнис чекмеџе станува стечајна маса

Куновска ја открива причината за наративот на СДСМ по катастрофалниот пораз

Долгогодишната истакната членка на СДСМ и екс претседателка на градската организација на Бихаќка Софија Куновска со горчлива анализа за резултатите на својата партија каде не е активна подолг период.

Во анализа со наслов ,,ЧЕШИТ ПОЛИТИЧАРИ” Куновска го прекршила заветот дека ќе молчи до завршување на вториот круг на алокоаните избори затоа што не можела да ја прифати ароганцијата на своите некогашни колеги кои сакаат поразот да го прикажат како победа.

Можно ли е СДСМ во првиот круг да победил на локалните избори, а членството да не може да ја препознае победата, прашува Куновска.

,,Ја разбирам потребата на ова раководство на СДСМ да се обиде политички да преживее и после ваков дебакл на локалните избори. Половина од нив, на чело со Филипче, не се ниту членови на партијата и нивниот мотив е да дочекаат парламентарни избори и по секоја цена да станат пратеници. За нив членовите кои трчаат на терен и “крварат” од вакви порази воопшто не им се важни. Битно е преминот од НВО секторот во партијата да се “наплати” со четиригодишен пратенички мандат плус една година апанажа. Затоа се користат оптички илузии кои не поминуваат ниту кај малите деца во градинките.

Но, еве, да ја примениме математиката на Филипче и компанијата. Нивната клучна илузија е дека ВМРО изгубил во проценти многу повеќе гласови од нив и тоа значело дека СДСМ расте. Според првичните анализи, сите независни листи на топтан освоиле 120 илјади гласови, плус има уште 50 илјади неважечки ливчиња. Дополнително, ЗНАМ изгубиле околу 18 илјади гласови од парламентарните избори. Ова се вкупно 188 илјади гласови.

Кога СДСМ навистина би растел тогаш логично ќе беше барем половината од овој резервоар на гласови да го имаат на своето конто. Но, да не се влезе во втор круг во трката за градоначалник на Скопје и советничката листа на СДСМ да е петта по број на гласови, е јасен сигнал дека партијата од струмичкото бизнис чекмеџе станува стечајна маса”, смета Куновска која не може да ја разбере дрскоста со која се брани и велича поразот.

,,Навистина од почит кон искрените, лојалните и добронамерни членови на партијата не сакав да коментирам за резултатот на СДСМ пред да заврши вториот круг. Сепак, количината на дрскост и ароганција со која се брани овој дебакл на СДСМ ме натера да го напишам ова. Ќе завршам со цитатот на една членка на СДСМ која ми се јави на телефон со следното прашање: “Дали ги гледаше настапите на Филипче, Пановска и Чупевска? Ако на ваков резултат умеат да бидат волку арогантни, какви ли би биле кога навистина би победиле?”, пишува Куновска.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

To top