Македонија

Вреди бара опозициската коалиција НАИ на ДУИ и Ахмети да го признае и да го прифати поразот на локалните избори

„Резултатот од локалните избори е јасен доказ дека Вреди е втор политички субјект во С.Македонија.“ – им порачаа претставниците на оваа коалиција од денешната прес-конференција на Али Ахмети и нивните коалициски истомисленици и содејци од опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција.

Коалицијата Вреди се огласи со барање опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ) да го признае поразот по резултатот од  локалните избори. Ова го објави ТВ Шења.

Телевизијата пренесува: „Вреди е победник на овие избори. Победата на Изет Меџити во Чаир и предноста, што ја имаме во трката за градоначалник во Тетово, се јасен доказ дека граѓаните ја прифатија политичката понуда на Вреди. Ги потсетуваме челниците на НАИ дека заврши изборниот молк и оти би било добро да се изјаснат дека го признаваат и го прифаќаат поразот.“ – изјави на прес-конференцијата Башким Бакиу од коалицијата Вреди, кој беше нивен кандидат за градоначалник на Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

To top