Македонија

По 17 јуни ќе продолжи постапката за смена на државниот обвинител Коцевски

За една недела треба да биде подигнато и обвинението за трагедијата во Кочани, а по ова ќе продолжи и постапката за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцебвски, пишува Плусинфо. Порталот потсетува дека Владата, по почетокот на истрагата на обвинителството за пожарот во кочанската дискотека, ја запре постапката за разрешување на Коцевски почната во февруари, за […]

За една недела треба да биде подигнато и обвинението за трагедијата во Кочани, а по ова ќе продолжи и постапката за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцебвски, пишува Плусинфо.

Порталот потсетува дека Владата, по почетокот на истрагата на обвинителството за пожарот во кочанската дискотека, ја запре постапката за разрешување на Коцевски почната во февруари, за да овозможи непречено да се работи на случајот.

На крајот на март кога почна истрагата за пожарот во Кочани ппремиерот Христијан Мицкоски нпојасни зошто е запрена постапката.

„Во овој момент, имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството, планираме таа постапка да ја прекинеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат на случајот во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни, впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа меѓу МВР и Јавното обвинителство што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај “, рече тогаш Мицкоски.

На 18 февруари, Министерството за правда на владината седница го достави мислењето за работата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, во кое бил нотиран нарушен углед на институцијата со која раководи јавниот обвинител, спротивно на член 4 став 1 од Законот за Јавно обвинителство.

Согласно вака утврденото мислење, Владата го задолжи Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Откако ќе го добие Владата треба да го достави предлогот до Советот на јавните обвинители од каде, согласно законските одредби, потребно е да се добие мислење. Советот требаше за 15, а најдоцна за 30 дена да врати мислење до Владата, дали се согласува или не со ваквиот предлог.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top