Бизнис

Македонскиот работник е попродуктивен европскиот, ама за 1/3 од неговата плата

На Македонија ќе и биде потребен половина век за да го достигне животниот стандард на Европската унија. Здружението ЗМАИ нотира неповолно рангирање во образованието и животната средина. Платата треба да расте заедно со продуктивноста, која кај македонскиот работник е поголема од онаа на европскиот.

На македонската просечна бруто плата ќе ѝ требаат околу 40 години за да ја достигне европската. Платите во Македонија се пониски од продуктивноста, а она што македонскиот работник го произведува е околу 53 проценти од она што го произведува работникот во ЕУ. Овие резултати во октомври ги презентираше Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, како дел од осумте организации кои анализирале каква е конвергенцијата на Западен Балкан кон ЕУ.

Македонија би можела да го достигне просечниот европски стандад на живот за 56 години, период кој клучните реформи овде би можеле да го преполоват. Зголемување на платите со додадена вредност на производите Извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски вели дека состојбите може да се поместат и со полноправно членство и пристап до фондовите, но за тоа пред сѐ, ќе треба да си ја завршиме работата дома.

Клучните реформи кои може да нѐ доближат до ЕУ, вели тој, подразбираат попаметни социјални трансфери, инвестирање во дигитализација и инфраструктура за поврзување со соседите, како и јакнење на националната инфраструктура.

  • „Само зголемување на платите без додадена вредност на крајниот производ кој го произведуваме како општество, може да има само контраефект. Иако, параметрите покажуваат дека простор за зголемување на платите и во сегашните услови, постои“, додаде Митевски.

Просечната бруто плата во земјава е околу 1.000 евра, што е една третина од европскиот просек. Истражувањето покажува дека за да го достигнеме, ќе ни требаат 40 години. Со овие плати, Македонија е позиционирана подолу од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во регионот на Западен Балкан, платите се пониски единствено во Албанија и Косово.

Најнови вести од: Бизнис

Поради зголемената неизвесност на Блискиот Исток: Народна банка реши каматна стапка да остане непроменета

Народната банка нагласува дека надворешните ризици се особено изразени поради неизвесноста околу интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток.

Просечната плата во јануари 46.617 денари, кои работници се најплатени во моментов?!

Најниски плати имаат вработените во секторот производство на кожа и кожни производи со 29.670 денари, производство на облека со 29.791 денар и рибарство и аквакултура со 29.794 денари, при што овие примања се неколкукратно пониски од највисоките во земјава.

Спречивме поскапување на горивата, велат од Министерството за енергетика

Според надлежните, Македонија во моментов останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, а приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните и стабилноста на економијата.

To top