Македонија

ОКТА со поддршка на Црвениот крст во борба против гладот, 16 години со заедничка цел

ОКТА ја потврдува својата долгорочна посветеност кон општествено одговорното делување преку поддршка на кампањата на Црвениот крст на Град Скопје „Помислете на нас“

ОКТА АД – Скопје повторно, 16-та година по ред, ја потврдува својата долгорочна посветеност кон општествено одговорното делување преку поддршка на кампањата на Црвениот крст на Град Скопје „Помислете на нас“. По повод обележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на борба против гладот, иницијативата има цел да ја подигне свеста за важноста на борбата против оваа негативна појава, како и да обезбеди директна помош за социјално ранливите категории граѓани. Во рамки на кампањата која ќе се одвива од 16 до 22 октомври оваа година, компанијата обезбедува финансиски средства за подготовка на пакети со прехранбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до семејствата и лицата кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.

„Поддршката на кампањата ‚Помислете на нас’, за нас во ОКТА претставува не само финансиска помош, туку и конкретен израз на солидарност и грижа за оние на кои таа поддршка им е најпотребна. Секој пакет кој ќе стигне до граѓаните кои се во социјален ризик е потсетник дека заедно можеме да направиме вистинска разлика и да изградиме општество во кое солидарноста е вредност што сите ја споделуваме“, изјави Антонио Велковски, претседател на организацијата на Црвен крст при ОКТА.

Кампањата „Помислете на нас“ е дел од традиционалното обележување на Светскиот ден на храната, иницијатива што има цел да ги потенцира напорите за намалување на гладот и сиромаштијата на локално и глобално ниво. Компанијата преку оваа иницијатива и долгорочната соработка со Црвениот крст, ја покажува својата одговорност и посветеност кон заедницата и го потврдува својот статус на доверлив партнер на Црвениот крст, активно придонесувајќи кон хуманитарни активности, со фокус на директна поддршка, кои овозможуваат повисок квалитет на живот на најранливите членови на заедницата.

ОКТА АД – Скопје е најголемиот снабдувач на гориво во земјата, обезбедувајќи го пазарот со висококвалитетни производи кои ги задоволуваат последните локални и европски стандарди. Основана во 1978 година, компанијата е предводник во областа на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати во регионот. Како членка на HELLENiQ ENERGY – една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа, ОКТА постојано воведува меѓународни вештини, иновативни решенија и врвни технолошки трендови во секојдневното работење. Преку своите активности во големопродажбата, ОКТА опслужува големо портфолио на клиенти во земјата и во регионот, од мали претпријатија до големи индустриски капацитети и владини институции. Благодарение на долгогодишното искуство и лидерство на пазарот, компанијата има развиено врвен логистички систем кој овозможува брзо и сигурно снабдување на клиентите со гориво. Малопродажната мрежа на ОКТА се состои од модерни бензински станици распространети низ целата земја, кои нудат висококвалитетни производи и услуги за крајните корисници. Во 2018 година, како компанија насочена кон иновации, ОКТА го прошири своето портфолио со производство, снабдување и управување со електрична енергија од обновливи извори. Поставувајќи ја безбедноста како врвен приоритет, компанијата е посветена да ја врши својата дејност однесувајќи се етички и одговорно кон општеството и животната средина.

Најнови вести од: Македонија

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео): Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

План, дами и господа, план што ќе се оствари – ете толку е едноставно

Мора да заборавиме на политиката „Купи ден, продај“. Држава не може да функционира како тезга на пазарче. Краткорочните одлуки безусловно мора да бидат заменети со долгорочен план и систем за управување

Еуроњуз: Албанка од Македонија пронајдена мртва во Италија

За разлика од македонските медиуми кои кога пишуваат за вакви случаи велат дека жртвата или напаѓачите од Македонија или македонски државјани во извештајот на Еуроњуз се наведува дека се работи за Албанци од Македонија

To top