Македонија

Мицкоски: Признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности

Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс III.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan

Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс III.

Премиерот Мицкоски информира дека средбата со Кралот Чарлс III била искрена и содржајна.

-Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, напиша Мицкоски во објавата денеска на неговиот фејсбук профил.

Во рамки на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес кој се одржува во Лондон, премиерот Мицкоски ќе оствари повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото Кралство.

Најнови вести од: Македонија

Дали навистина Али Ахмети „сериозно размислува да се повлече од политиката по вториот круг на изборите“, или сѐ ќе стори да го одложи „политичкото пензионирање“?!

Веќе денешната седница на Централното претседателство на ДУИ, која ја свика Ахмети, ќе покаже во која насока ќе се движат неговите натамошни потези, откако тој и ДУИ доживеаја тежок пораз во првиот круг на локалните избори: дали конечно ќе го прифати „решението“ за „заминување во политичка пензија“, кое му го „напишаа“ гласачите-Албанци во Македонија на 19 октомври, или ќе се обиде да остане барем уште некое време на политичката сцена?

To top