Македонија

Бугарски дипломат најавува пораз на Софија во обидот да го спречи македонското членство во ЕУ

Во Софија страв дека геостратешки интереси ќе бидат поважни од бугарските интереси

Поранешниот бугарски амбасадор Велизар Енчев кој е еден од најгласните, радикали кој шири антимакедонски наративи меѓу редови најавува пораз на Софија во обидот да го спречи македонското членство во ЕУ.

Енчев вели дека проширувањето е геополитичка одлука, а не морална и затоа ЕУ ќе инсистира на влез на Македонија во унијата што во превод може да се толкува дека бугарското вето мора да падне пред интересите на унијата.

Бугарските медиуми пред неколку години пишуваа дека Енчев треба да биде советник на претседателот Радев (Насловна фотографија).

Според него, ЕУ ќе инсистира на започнување преговори со Македонија, како што вели, без оглед на реалниот напредок, бидејќи проширувањето е геополитичка одлука, а не морална.

„Но, тука Радев ја претвора историската меморија во дипломатска алатка. Тој ѝ кажува на Европа дека „не можете да изградите иднина со негирање на вашите корени. Ако Брисел замижи пред Македонизмот, ќе прифати во своите редови земја што негира дел од нејзината европска историја“, обвинува Енчев во интервју за бугарскиот весник „Факти“.

Коментирајќи го бугарското барање Будимпешта да ја запре поддршката за Скопје Енчев вели дека Унгарија не може да ја убеди Македонија да спроведе уставните измени, но може да престане да го храни Македонизмот.

„Дефинитивно е Унгарија. Но, не затоа што е историски поблиска, туку затоа што е политички поактивна. Будимпешта има економски и медиумски интереси во Скопско, додека Софија има историски, културни и морални основи, кои, сепак, ретко ги претвора во дипломатски спор“, вели дипломатот и поранешен бугарски амбасадор Велизар Енчев, на прашањето кој има поблиски врски со Македонија денес – Бугарија или Унгарија.

Бугарскиот дипломат смета дека Унгарија не може да ја убеди Македонија да ги спроведе уставните измени, но може да направи нешто друго, како што вели, за да престане да го храни Македонизмот. Енчев, исто така, навредува дел од медиумите во земјата.

„Парадоксот е што некои од медиумите, кои секојдневно ја фалсификуваат бугарската историја, се во унгарска сопственост. Ако Будимпешта навистина ја почитува нашата заедничка историска вистина, нека го покаже тоа во својата културна политика. Европската солидарност не е само енергетска, туку и духовна“, нагласи Енчев.

Најнови вести од: Македонија

Македонија и Велика Британија потпишаа договор за нови авиолинии

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт на Република Македонија, Александар Николоски, и министерот за воздухопловство, поморство и декарбонизација на Обединетото Кралство, Киер Метер, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај меѓу двете земји

To top