Македонија

(Видео): Ќе има нови инвестиции и поддршка од Владата, кажа Мицкоски

Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време, се почнува рано, се завршува доцна, секогаш треба градоначалникот да биде достапен, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Граѓаните во вториот круг да излезат на гласање, да учествуваат во креирањето на политиките и да го заокружат бројот 9, повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денешниот предизборен настан во Кучевишка Бараза вториот круг од локалните избори. Тој рече дека ќе упати неколку политички пораки за да можат граѓаните самите да донесат заклучок и одлука по кој пат ќе оди државата.

– Дали ќе ја водиме државата по патот којшто го нуди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ или ќе се вратиме на патот којшто го гледавме 7 години, тоа беше сосема поинаква коалиција предводена од СДСМ и ДУИ или пак третата група, ќе останеме дома, па ќе видиме каде ќе нè води бранот ние заедно со бранот и ќе немаме можност да одлучуваме, што сметам дека е најпогрешната опција. Затоа што ако се остане дома и не се излезе на избори и не се гласа по сопствено убедување тогаш вие дозволувате друг да одлучува за вас и за вашата општина и насоката во која ќе оди државата. Мојата молба до сите жители на Чучер Сандево и генерално до сите граѓани во Македонија е да излезат на овие избори и да гласаат по сопствено убедување – нагласи Мицкоски.

Мицкоски ги повика функционерите постојано да бидат достапни на граѓаните и да испорачаат резултати.

– Втора работа која сакам да ја кажам е дека на овие избори во првиот круг се донесе одлука за 33 градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е бројка која е импресивна. Уште во 26 општини ВМРО-ДПМНЕ се или на прво место или на второ што значи 59 општини, плус Градот Скопје, тоа претставува историски резултат политички, но и голема обврска во смисла дека очекувањата на граѓаните се големи. Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време, се почнува рано, се завршува доцна, секогаш треба градоначалникот да биде достапен. Секој од избраните од народот функционери треба да биде достапен и секогаш да одговара на потребите на граѓаните. Тоа е втората порака која сакам да ја упатам – кажа Мицкоски.

Кандидатот за градоначалник на Чучер Сандево истакна дека општината ќе се вклопи во сликата на Скопје со поддршка од Владата и со нови инвестиции.

– Сега конечно ги ставивме проблемите и потребите на граѓаните на Кучевишка Бара во програма. Заедно со Владата, заедно со Градот Скопје, со општина Бутел, бидејќи граничиме и се препокриваме во некои делови, да ја направиме поубаво место за живеење и достојно место за живеење во овој дел на Скопје – рече Бајовски.

Тој истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвоила околу 45 милиони денари за изфраструктурен проект во Кучевишка Бара.

– Тоа го покажа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Најмногу средства во Чучер Сандево беа доделени токму за Кучевишка Бара, околу 45 милиони денари, средства од унгарскиот кредит за изградба на пречистителна станица. Во тој дел во програмата е токму 13 километри примарна и секундарна мрежа, заедно со пречистителна станица, атмосферска канализација, но и коригирање на водоводот, конкретно, реконструкција на водоводната мрежа. Конечно Кучевишка Бара ќе го добие тоа што ѝ е потребно – рече Бајовски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг на 2 ноември и да поддржат кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со број 9.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top