Свет

Захарова: Полска сака нуклеарно оружје

Полските претставници веќе се обратиле до САД „во обид да го привлечат Вашингтон во потфатот поврзан со распоредувањето американско нуклеарно оружје на полска територија“

Русија верува дека некои членки на НАТО, со фокус на Полска, сакаат да ги напуштат ограничувањата за распоредување нуклеарно оружје на нивна територија, што би ги влошило „стратешките ризици“ и дополнително би ги зголемило тензиите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова истакна дека полските претставници веќе се обратиле кон Соединетите Држави „во обид да го привлечат Вашингтон во потфатот поврзан со распоредувањето американско нуклеарно оружје на полска територија“.

„Со прибегнување кон вакви потези, формално ненуклеарните членки на НАТО повторно го демонстрираат своето пркосно непочитување на Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, рече таа на брифинг, објавен од руската државна новинска агенција ТАСС.

Захарова, исто така, ја нарече овогодишната вежба на НАТО за нуклеарно одвраќање, „ Steadfast Noon,“, во која учествуваат 14 земји-членки и до 60 авиони, „длабоко дестабилизирачка“.

Таа тврди дека „оваа шема и соодветните капацитети на земјите од НАТО“ ќе доведат до „понатамошно влошување на стратешките ризици и зголемени тензии“.

Нејзините изјави доаѓаат во време на зголемени тензии околу Украина и пропаѓање на договорот за контрола на оружјето, поттикнувајќи стравувања од нова трка во вооружување.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков предупреди дека „непријателската политика на земјите од НАТО“ може „да доведе до директен конфликт меѓу нуклеарните сили“.

Понатамошно комплицирање на ситуацијата е фактот што оваа недела американскиот претседател Трамп го одложи состанокот со рускиот претседател Владимир Путин додека Путин надгледуваше голема нуклеарна вежба со интерконтинентални балистички ракети.

Од друга страна, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави пред вежбата: „Треба да го направиме ова затоа што ни помага да осигуриме дека нашето нуклеарно одвраќање останува што е можно покредибилно, безбедно, сигурно и ефикасно. Исто така, испраќа јасен сигнал до секој потенцијален противник дека ќе и можеме да ги заштитиме и одбраниме сите сојузници од сите закани“.

Во меѓувреме, Русија сигнализираше можно повлекување од преостанатите договори за контрола на оружјето, додека НАТО ја зајакнува својата стратегија за одвраќање.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top