Македонија

Мицкоски: Ќе има драстично помалку машини за коцкање…

Премиерот Христијан Мицкоски денес објави дека Законот за коцкање е готов. Мицкоски не даде детали за тоа што предвидува новиот закон, но нагласи дека со новото законско решение очекува бројот на таканаречени слот-машини природно да се намали. „Законот за коцкање, по неколкумесечна работа и негово усогласување, е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината […]

Премиерот Христијан Мицкоски денес објави дека Законот за коцкање е готов.

Мицкоски не даде детали за тоа што предвидува новиот закон, но нагласи дека со новото законско решение очекува бројот на таканаречени слот-машини природно да се намали. „Законот за коцкање, по неколкумесечна работа и негово усогласување, е готов.

Очекувам овој месец да ја помине владината процедура, а потоа да влезе во Собранието. Ќе има многу новини, многу промени и очекувам бројот на тој тип клубски машини, по донесувањето на овој закон, природно да се намали“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

To top