Македонија

И ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица, вели Мицкоски

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, поднесени од Либерално-демократската партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски го повтори партискиот став дека ќе поддржат предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. Според […]

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, поднесени од Либерално-демократската партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски го повтори партискиот став дека ќе поддржат предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората.

Според Мицкоски „нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборен процес за парламентарни и претседателски избори“, откако пратеничка од опозицискиот Европски фронт, ја обвинила Владата дека не се грижела за дијаспората со новиот Закон за локална самоуправа и го ускратувала правото.

„Еве, ние сме за тоа да имаме една изборна единица и да може да учествуваат тие во еден таков изборен процес.

Да немаме трошоци, да немаме повеќе изборни единици, да имаме една и, практично, сите гласови да се влеваат во една изборна единица, и на резидентното население, но и на дијаспората што ќе сака да учествува.

Дури отидовме и чекор понапред и рековме – досега се гласало во дипломатско-конзуларните претставништва, но има држави кои дозволуваат да се постават гласачки кутии/места и надвор од ДКП-та, односно екстериторијални, дури рековме и за тоа сме „за“.

Така што, ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме никаков проблем да поддржиме една изборна единица, рече претседателот на Владата.

Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието, има за цел  да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба;

Воведување на преференцијално гласање – со цел да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и да се зголеми одговорноста на избраните претставници;

Поголема застапеност на помалите политички субјекти – преку правично претставување согласно реалната добиена поддршка на национално ниво и

Јакнење на довербата во изборниот процес – преку транспарентност, правичност и зголемена отчетност на политичките актери.

Најнови вести од: Македонија

Македонија не би требало да прифаќа по налог на ЕК третман како безначајна „геоополитичка трева“, која би ја газеле „слоновите“ додека се тепаат меѓу себе

Не соодветствува со автентичните државно-национални интереси на Македонија и на нејзините граѓани најновата позиција, која ја изнесе еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос, дека „земјите-кандидатки мора да направат геополитички избор на која страна се пред да влезат во ЕУ“. Спроведувањето на овој став дополнително би ја  усложнил ионака сложената ситуација, во која се наоѓа Македонија веќе изложена на сериозни критики во најновиот извештај на Европската комисија дека „не искажува резултати во реформите“ и оти „запаѓа во застој“.

Еврокомесарката Кос: Земјите-кандидатки мора да изберат на која страна се пред да влезат во ЕУ

„Би можеле да ја видиме Европа обединета за прв пат во ист дом, но тоа исто така значи и правење избори.“ – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервјуто, кое го даде за „Еуроњуз“ на Самитот за проширување, што се одржа во Брисел оваа седмица. „Ако се свртите кон Русија, или ако не примените санкции, тоа е нешто, што не можеме да го толерираме.“ – предупреди Кос.

Обилен дожд и ноќва низ цела Македонија, до кога?!

Поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот во Македонија во изминатите 12 часа до 19 часот на повеќе места беше врнежливо а повремено врнежите беа обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

(Фото): И дење и ноќе – Скопје се чисти како никогаш до сега, рокот од 72 часа истекува в недела

Акцијата за почисто Скопје е во полн ек. Новиот градоначалник Ѓорѓиевски и надлежните служби имаат рок уште неколку часа да го реализираат предизборното ветување за уреден и чист град. И дење и ноќе – Скопје се чисти како никогаш до сега, рокот од 72 часа истекува в недела.

Алиу: ДПА нема добиено покана за влез во владата, но нема да ја одбие, ако биде упатена

„Поразот на ДУИ на локалните избори не е национална трагедија на Албанците.“ – изјави Имер Алиу, членот на Централното претседателство на ДПА, која попладнево денес одржува Централно собрание.

И во медицината ќе се применува вештачка интелигенција за подобрување на дијагностиката

Здравствениот систем на 21 век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството, порача министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација во Скопје, во организација на Комората на приватно здравство на Македонија.

To top