Македонија

Министерство за здравство: Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира изградба на станбени згради

Сите градежни интервенциите што се изведуваат во оваа зона се исклучиво поврзани со здравствената дејност

Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира изградба на станбени згради, велат од Министерството за здравство. Реакцијата, како што се наведува од министерството, е во врска со објавите за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

„Сите градежни интервенциите што се изведуваат во оваа зона се исклучиво поврзани со здравствената дејност и функционалната инфраструктура на јавните здравствени установи. Во делот на нашите надлежности, ја уверуваме јавноста дека работењето на Клиниката се одвива непречено и пристапот за пациентите е обезбеден“, се наведува до соопштението од МЗ.

Од Министерството за здравство, исто така, посочуваат дека тие немаат надлежност да утврдуваат урбанистичко-планска документација, да издаваат одобренија за градење или да определуваат сопственичко-правен статус на парцели.

„Овие прашања се во надлежност на органите на локалната самоуправа, пред сè Општина Центар, како и на другите институции од областа на урбанизмот и катастарот“, додаваат од министерството.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top