Македонија

ВРЕДИ нема да го поддржи кандидатот на ДУИ

Ќе го поддржат независниот кандидат за градоначалник, Азем Садику

Коалицијата ВЛЕН објави дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садику.

Како што информира Телеграфи, оваа одлука според ВРЕДИ е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, јасно изразена на 19 октомври.

„Граѓаните со еден глас рекоа „Не на ДУИ“ во повеќето албански општини.

Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини“, објавија од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top