Македонија

Папата Лав доби македонско знаме (ВИДЕО)

Папата Лав вешто го фатил македонското знаме

На Генералната аудиенција на папата Лав XIV во рамки на Јубилејната година, во сабота 25 октомври 2025 година, одржана на плоштадот Свети Петар во Рим присуствувал и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов со група ходочесници од Македонија.

За време на обиколката со папамобилот меѓу ходочесниците, пристигнати од целиот на плоштадот Свети Петар, на Папата Лав му било фрлено македонско знаме кое тој го фатил и го предал на неговите придружници.

Во попладневните часови ходочесничката група од Македонија низ улицата Виа дела Кончелационе во Рим се помолила, а потоа поминала низ Светите Врати во базиликата Свети Петар.

Во вечерните часови во Папската базилика Свети Павле, надвор од ѕидините, ходочесниците преминаа низ Светит Врати на оваа базилика и присуствувале на света Литургија, на која во заедништво со епископи и свештеници од Словачка сослужувал епископот Стојанов, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, протеојереј отец Гоце Костов и отец Трајче Ташев.

На крајот од светата Литургија епископот Стојанов се заблагодарил на браќата во епископатот од Словачка за можноста заеднички вчера и денес да се служи света Литургија, градејќи го единството, при што спомнал дека ходочестието на македонската група започнало на гробот на Свеи Кирил, кој со неговиот брат Методиј подеднакво многу се почитуваат во Македонија и Словачка, објави Католици.мк.

Видеото на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top