Македонија

Приведен е директорот на „Комунална хигиена“

Приведен е директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми.

Единицата за економски криминал при Министерството за внатрешни работи попладне одзела дополнителна документација и лишила од слобода две лица, меѓу кои директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во Скопје, Сабахудин Рустеми, кои се сомничат за непостапување во врска со акумулацијата на ѓубре во градот. Попладнево се очекува да се поднесе кривична пријава пред надлежното Основно јавно обвинителство.

Сабахудин Рустеми е поставен за директор на „Комунална хигиена“ на 29 јануари 2025 година, во рамките на коалицијата меѓу градоначалничката Данела Арсовска и Демократската унија за интеграција (ДУИ). Тој важи за кадар близок до Блерим Беџети, со претходно искуство како директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“ од 2017 до 2021 година, а потоа, во соработка со Арсовска, од 2023 до 2024 година бил помошник-директор во ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје.

Рустеми е познат во јавноста по неговите ставови кои шират национална омраза. За време на неговото директорување, „Комунална хигиена“ достигна врв на хаосот, со намерно оставање на ѓубре по улиците на Скопје, што се засили пред и за време на кампањата за локалните избори, загрозувајќи го здравјето на граѓаните. Медиумите известуваа дека Рустеми редовно се појавувал на работа, земал плата, но игнорирал постоењето на проблемот со сметот.

Покрај скандалот со акумулацијата на ѓубре, Рустеми го следи и истрагата за финансиите на претпријатието. Според обвинувањата, милиони евра се испумпуваат, додека претпријатието останува нефункционално поради наводна нефункционалност на возилата, што дополнително ја отежнувало ситуацијата во градот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top