Македонија

Предупредување од Државна лотарија за играчите на интернет игри на среќа

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија

Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени.

Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата.

Секоја појава на трета страна, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа.

Секогаш избирајте легално. Изберете Државна лотарија, изберете ја единствената легална платформа за интернет игри на среќа megawin.mk.

Играј одговoрно, играј сигурно.

Државна лотаријаA

Најнови вести од: Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top