Македонија

Линдита ги повика Кичевчани да гласаат за нејзиниот Александар (ВИДЕО)

Тие се во среќен брак и имаат три дечиња

 

Професорката Линдита ги повика Кичевчани да гласаат за нејзиниот Александар.

Линдита е сопруга на кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски кој води по првиот круг на локалните избори.

 

Таа во видео обраќање на албански јазик до своите сограѓани бара Кичево да ги надмине етничките бариери и да избере човек кој ќе биде градски татко на сите без разлика на нација, вера или пол.

Линдита и Александар никогаш немале проблем затоа што таа е Албанка а сопругот е Македонец. Тие се во брак повеќе од една деценија и имаат три дечиња.

За Кичево какво што сакаме за подобра иднина, гласајте за број 9, порачува Линдита во видеото подоле

 

 

 

Што точно  им порача Линдита на своите сограѓани на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top