Македонија Хроника

(Видео): Лисици се појавија во Скопје – жителите на Козле во паника

Појавата на животни во градските населби не е новост за скопјани. „Првпат видовме една лисица пред неколку дена, но сега се појавуваат по неколку одеднаш. Стравуваме за безбедноста на децата и на милениците“. Вака за 24инфо вели еден загрижен жител на скопската населба Козле откако лисици се појавија на улицата Ловќенска во близина на домовите. Жителите се […]

Појавата на животни во градските населби не е новост за скопјани.

  • „Првпат видовме една лисица пред неколку дена, но сега се појавуваат по неколку одеднаш. Стравуваме за безбедноста на децата и на милениците“.

Вака за 24инфо вели еден загрижен жител на скопската населба Козле откако лисици се појавија на улицата Ловќенска во близина на домовите. Жителите се жалат дека лисиците напаѓаат миленици и бараат реакција од надлежните.

Појавата на животни во градските населби не е новост за скопјани.

Додека се чека летото, најмалку две вести за змии одекнаа во регионот. На 10 јуни змија влезе во собранието на Босна и Херцеговина што ја прекина работата на пратениците. Змија беше снимена на улица во населбата Дорчол во Белград претходно во јуни.

Најнови вести од: Македонија Хроника

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

(Фото): Синдикален марш: 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, мал број излегоа на протест

ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места. Предупредија дека состојбата е сериозна. Само во 2025 година 31 работник заминал на работа и не се вратил дома.

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

To top