Македонија

Филипче од „Бугари во устав“ се префрли на „економски теми“

Лидерот на СДСМ „удри“ на економија, за жал, со лаги кои премиерот Мицкоски ги демантираше уште пред три месеци

Нема дел од државата во којшто не поминавме во оваа кампања и нема ниту една категорија на граѓани кои се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вчерашниот граѓански собир во Конче.

Тој се’ уште тврди дека тие победиле на изборите?!

Филипче посочи дека за година и пол владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги зголемила платите , ниту пак им помогнала на граѓаните во услови кога цените на храната наводно растеле од месец во месец.

„Работниците немаат зголемување на платите. Трошоците за храна, трошоците за живот растат без контрола. А владата не прави ништо да ги исконтролира, иако има механизми за тоа. Единствената причина зашто оваа влада не го прави тоа е поради тоа што не се грижи вистински така како што треба ниту за државата, ниту за граѓаните“, рече Филипче.

Уште на 29 јули 2025-та премиерот Мицкоски ги демантораше овие лажни вести и неосновани тврдења на Филипче, кој сега во кампањата ги батали Бугарите во Устав и перфидните црвени линии, па „удри“ на економија. За жал, со лаги.

Уште пред 3 месеци, премиерот Мицкоски му порача:

Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави тогаш премиерот одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”.

Според Мицкоски, и тоа не е доволно, просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока, посочи премиерот, ние како Влада продолжуваме да работиме.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

To top