Бизнис

Грант од 1,5 милиони евра од ЕУ и КфВ банка за зелената трансформација на „ЕСМ“

АД ЕСМ потпиша договор за грант со Германската развојна банка КфВ од 1,5 милиони евра техничка помош, финансирана од Европската Унија, наменета за зајакнување на внатрешните капацитети и забрзување на клучните активности за енергетска транзиција на компанијата.

„Грантот од Европската Унија, овозможен преку КфВ, претставува стратешки камен-темелник за нашата институционална трансформација кон сеопфатна, зелена и пазарно-ориентирана компанија. За ЕСМ ова е повеќе од премин кон обновливи извори на енергија, туку сериозна посветеност да станеме модерна и комерцијално конкурентна сила на европскиот енергетски пазар. Финансирањето ќе биде алатка за зајакнување на нашите внатрешни капацитети и корпоративно управување, преку финансирање на критични иницијативи за моделирање и стратешко планирање. Овој институционален фокус ја осигурува нашата оперативна одржливост, ја зајакнува енергетската безбедност на земјата и значително ги забрзува нашите напори за намалување на јаглеродниот отпечаток“, изјави Лазо Узунчев, генерален директор на АД ЕСМ.

По повод потпишувањето на договорот, Штефан Худолин, раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Македонија изјави:

  • „Забрзувањето на зелената транзиција никогаш не било толку блиску и толку возможно. Со поддршката од Европската Унија и гаранциите на ЕФСР+  земјата ќе добие финансиски средства и технички насоки од нашите партнери во КфВ за да ја забрза трансформацијата и декарбонизацијата на енергетскиот сектор во Македонија. Оваа заедничка акција има трансформативен ефект за преминување од јаглен на зелена енергија, но истовремено придонесува за создавање на стабилен енергетски сектор во многу нестабилен климатски и геополитички свет.“

Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер истакна дека во последните 20 години Германија ја поддржува енергетската транзиција на јавните енергетски објекти во Македонија.  „Покрај финансискиот ангажман, развојната германска банка КфВ става на располагање и експертиза со техничко водство и управување. Декарбонизацијата е прашање на тимска работа, а Германија и КфВ се посветени на постојаната поддршка за Македонија на овој пат.“

  • „Енергетската транзиција бара подготвени енергетски компании кои ќе можат да се справат со предизвикувачките услови. Со овој проект, КфВ ќе ја поддржи трансформацијата на Електрани на Македонија (ЕСМ), која ќе им овозможи подобро позиционирање и ќе им помогне да ја подобрат својата ефикасност и подготвеност за пазарот,“ истакна Пабло Обрадор, директор за Југоисточна Европа и Турција.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

НБРМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола посветени сме на највисоките стандарди во интерес на заедницата

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина.

(Видео): Ребаланс на буџет – Стабилност на јавните финансии, повеќе пари за инвестиции, економска активност и квалитетни услуги за граѓаните

Повеќе пари за патишта, железница и локални инфраструктурни проекти, но и повисок буџетски дефицит. Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година со кој капиталните расходи се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, додека дефицитот достигнува 46,1 милијарди денари или 4,1 процент од БДП.

Државата дава неповратни 615.000 денари за сопствен бизнис

Парите се наменети за основање друштво со ограничена одговорност (ДОО) од двајца содружници, при што секој ќе поседува по 50 проценти од уделот во фирмата. Максималниот износ на грантот е 1,23 милиони денари, а парите ќе се користат за набавка на опрема и материјали предвидени во бизнис-планот.

Најнови вести

To top