Македонија

Уапсен Тетовец, се заканувал и навредувал на политичка основа на Фејсбук

Основното јавно обвинителство во Тетово отвори истрага против 49-годишен маж од Тетово, кој на 28 октомври на својот Фејсбук профил објавил видео и текст со јасни закани кон една жена, како и кон функционери и членови на политичка партија.

Според обвинителството, објавата била на албански јазик и имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина, која кај оштетените предизвикала страв и вознемиреност. Јавниот обвинител оценил дека постои висок ризик осомничениот повторно да се заканува и побарал мерка притвор.

Судот го прифатил предлогот и го определил притворот како превентивна мерка додека трае истрагата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top