Македонија

Луксузен хотел среде Скопје крадел струја

Против сопственикот е поднесена кривична пријава до Министерството за внатрешни работи за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување општа опасност од пожар

Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуција на социјалните мрежи

При редовна техничка контрола во станбена зграда која се наоѓа до хотелот, екипите на Електродистрибуција пронашле три нелегални и изгорени кабли, кои поради преголема оптовареност претставувале сериозен ризик од пожар. Каблите веднаш биле исклучени за да се спречи можен инцидент.

„За време на дополнителната контрола, нашите екипи утврдија дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли. Овој чин не само што претставува кражба на електрична енергија, туку создава и огромна опасност за животите и имотот на граѓаните“, објавија од Електродистрибуција на својата официјална страница на социјалните мрежи.

Случајот е целосно документиран и против сопственикот е поднесена кривична пријава до Министерството за внатрешни работи за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување општа опасност од пожар.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

To top