Македонија

Хаќим Рамадани бара „итна средба за нерегуларностите на изборите во Брвеница“ со претставниците на меѓународната заедница

Медиумите на албански јазик пренесуваат и сѐ уште непотврдена информација од објава од негов поддржувач, пласирана вчеравечер на фејсбук-профилот на Рамадани: дека „во вториот круг на локалните избори на 2 ноември за кандидатот од ВМРО, дека ДПМНЕ за претседател на општина Брвеница Јовица Илиевски биле дадени 34 гласови во планинското село Гургурница, исцело населено со Албанци“. Овој поддржувач и бездруго гласач за Хаќим Рамадани изреагирал на општествената мрежа: „Ги чувствувам тие 34 гласа за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во село Гургурница како 34 ножеви во моето тело.“

„Хаќим Рамадани, ‘во својство како кандидат за претседател на општина Брвеница на локалните избори 2025 година’“, вчера, на 2 ноември само неколку часа по завршувањето на вториот круг на локалните избори, упатил барање до меѓународните претставници во Скопје за итна средба, поради нерегуларностите, што се случиле во текот на изборниот процес во оваа општина“ – ова го објавија медиумите на албански јазик во Македонија, пренесувајќи објава од неговиот фејсбук-профил. Ова свое барање со наведените тврдења Рамадани го испратил до ОБСЕ – Организацијата за безбедност и соработка во Европа, до ОДИХР ЕОМ – Набљудувачката мисија на за следење на изборите во Македонија при Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ, до Амбасадата на Соединетите Американски држави во Скопје, како и до НДИ – Националниот демократски институт од Вашингтон. Инаку, според вчерашните првични резултати, кои ги објави Државната изборна комисија, во општина Брвеница Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 4.369 гласови, додека Хаќим Рамадани од Вреди 4.224 гласови. Немало официјални информации за настанати нерегуларности при гласањата во селата на оваа селска општина во тетовскиот регион.

Но, сепак, наспроти ова, на општествената мрежа Рамадани напишал: „Како кандидат за градоначалник на општина Бервеница барам итен состанок со вашите претставници за да разговараме за случувањата и нерегуларностите, што се случија за време на изборниот процес во нашата општина. Од животно значење е гласот на секој граѓанин во Брвеница да биде почитуван и изборниот процес да остане фер, транспарентен и во целосна согласност со меѓународните демократски стандарди. Ова барање е упатено во духот на транспарентност, правда и почитување на волјата на народот.“

Како што јавуваат информативните агенции на албански јазик, само неколку часа пред да објави дека им упатил такво барање до претставниците на меѓународната заедница, Хаќим Рамадани имал напишано, исто така, на својот фејсбук-профил: „Иако ја загубивме трката, не се чувствувам како губитник. Ако некој е вознемирен вечерва, тоа сум јас. Сите треба да се чувствуваме горди, бидејќи покажавме љубов, храброст и единство за нашата татковина.“ Се наметнува дилемата: кон која татковина порачува Рамадани дека „покажале љубов, храброст и единство“, дали кон Република Македонија, во која што живее и работи сѐ уште како директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа? Или можеби неговата објава се однесува на „некоја друга татковина“?





Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни за сообраќајни прекршоци стигнуваат од странски броеви

Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта

Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците

To top