Македонија

Костадинов: СДСМ не е „целосно згасната партија“

Партијата мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија

По завршувањето на вториот круг од локалните избори поранешниот градоначланик на Струмица Костадин Костадинов, кој го „замрзна“ членството во неговата партија, ,изјави дека СДСМ не е „целосно згасната партија“.

Во објава на Фејсбук тој вели дека СДСМ моира да помине низ „сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија“.

„Драги мои, не се согласувам со тезата дека СДСМ е целосно згасната партија. Напротив, СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија.

Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата,СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе.
Време е за длабински анализи, тешки промени, тешки одлуки,дебати и многу, многу работа“ порача Костадинов.

.

 

Најнови вести од: Македонија

Елмир Емини од огранокот на ДУИ од Тетово бара оставка на „неморалните и оние, кои се обидуваат да ги оцрнат името на Тетово и нивната чест“!

Членот на огранокот на ДУИ од Тетово Елмир Емини реагираше остро реагираше по поразот во Тетово: „Оставка на неморалните и оние, кои се обидуваат да ја оцрнат нашата чест!“ Ова го објави информативниот порал на албански јазик „Тетова сот“. Порталот ја пренесува изјавата што ја даде Емини во овој контекст: „Да го зачуваме моралот во […]

Македонија значително напредува во спроведувањето на реформите со Реформската агенда

Земјата постигнала одреден напредок во однос на плурализмот и слободата на медиумите и на слободата на изразување – се оценува во Годишниот извештај на Европската комисија.

Најнови вести

To top