Спорт

Трагедија: Поранешниот тренер на Шкупи почина за време на натпревар

Тажна вест ја потресе фудбалската јавност.

Тажна вест ја потресе фудбалската јавност.Поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ, почина по ненадејно влошување на здравјето за време на фудбалски натпревар.

Жижовиќ го презеде кормилото на Раднички пред само десет дена, кога за време на првенствениот дуел против Младост му се слоши на теренот. Веднаш беше пренесен во болница со возило за итна помош, но по околу дваесет минути пристигна трагичната потврда за неговата смрт.

Младен Жижовиќ е роден во 1980 година. Како фудбалер, тој настапуваше за бројни клубови од Балканот во периодот од 1997 до 2016 година, додека тренерската кариера ја започна во 2017 година.

Во Македонија, тој работеше во екипата на Шкупи од 2023 до 2024 година. Претходно, тој беше на чело на босанскиот клуб Борац Бања Лука, каде што постигна историски успех со пласман во европските натпреварувања и ги водеше македонските репрезентативци Дамјан Шишковски и Бобан Николов.

Жижовиќ имаше и два настапи за националниот тим на Босна и Херцеговина.

Најнови вести од: Спорт

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Два дена по триумфот во затворениот натпревар во Автокоманда, македонската ракометна репрезентација доживеа тесен, срцепарателно драматичен пораз од Јапонија со 31:32 (17:16) во последниот пријателски дуел оваа година.

To top