Македонија

Блерим Беџети не е повеќе координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, тврди дека „сам ја напуштил таа позиција“!

Вчера централното претседателство на ДУИ расправаше за дебаклот што ја доживеа оваа партија на локалните избори и прашање е дали ова „самостојно повлекување“ на Блерим Беџети од позицијата на шеф на нивната парламентарна група е поправо почеток на бранот оставки во врвот на Демократската унија за интеграција?! Вчера нејзиното раководство одлучи да се одржи конгрес до 20 декември 2025 година и претстои да се види што ќе се случува во тетовска Мала Речица во наредните денови и седмици, дали конечно ќе дојде до заминување на лидерот на ДУИ Али Ахмети во „политичка пензија“?!

Блерим Беџети од ДУИ потврди за ТВ21 дека повеќе нема да биде координатор на пратеничката група на ДУИ. Тој посочува дека „оваа промена е направена откако самиот ја напуштил оваа позиција“, оти „не бил разрешен“.

Во веста ТВ 21 дополнува: На прашањето зошто заминал и дали се смета себеси како одговорен за лошиот изборен резултат во Сарај, Беџети одговори дека „оваа одлука е донесена, за да им се отвори простор на нови личности“. Тој додаде дека „ќе продолжи да биде активен во ДУИ“.

Најнови вести од: Македонија

АПИС: Ако нема легални објекти за игри на среќа, ќе има „објекти на црно“

Младите и преку мобилни може да се коцкаат, а аатворањето на легалните објекти за игри на среќа од 10.000 вработени ќе направи 10.000 невработени кои со своите семејства ќе станат најмалку 35.000 нови кандидати за иселеници во западните земји

Македонија отвора амбасада во Литванија

Амбасадата во Вилнус ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази ги спасува криминалците од СДСМ и ДУИ

Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ

To top