Македонија

Манасиевски: СДС е трета партија на политичката сцена во Македонија, дебакл на политиките на Филипче и Заев

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори, освојувајќи 54 општини на територијата на Република Македонија и градот Скопје.Според него, ваквите резултати се потврда дека граѓаните ја препознале искрената намера на партијата да ја обнови државата.

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори, освојувајќи 54 општини на територијата на Република Македонија и градот Скопје.Според него, ваквите резултати се потврда дека граѓаните ја препознале искрената намера на партијата да ја обнови државата.

Македонија направи вистински избор на локалните избори, граѓаните ги препознаа чесните и искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да ја изгради државата повторно од темелите на промените.

Освојувајќи 54 општини на територија на Република Македонија и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Историски промени и победи имаме во Кичево, Карпош и Струмица, издвојувавме големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија и Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево. Во останатите општини кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победија, а победа имаме и на Орце Ѓорѓиевски во градот Скопје.

СДС на овие избори доживеа огромен дебакл. Освојувајќи само 6 општини, околу 126 илјади гласови и околу 230 советника, СДС е трета партија во државата позади нашиот владин коалициски партнер, партијата ВРЕДИ. СДС на ова ниво, никогаш не биле.

Граѓаните јасно кажаа дека се против политиките на Филипче и неговиот ментор Заев, кој сеуште ги држи конците во СДС.

Наместо да се оградат и дистанцираат од Зоран Заев, Филипче и раководството на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Зоран Заев, човекот кој ја распродаде и уништи Македонија.

Потребни се итни промени во раководството на СДС. На Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна силна опозиција. Потребен ни е коректор на политиките, луѓе со кредибилитет и аргументирана критика. Филипче и СДС во моментов се во политички нокдаун, и време е Филипче да си замине од СДС и од политиката.

На Македонија и е потребна вистинска опозиција.

Најнови вести од: Македонија

ПОЦ должи 1,4 милиони евра за комунална такса

Државниот завод за ревизија до надлежните институции и одговорните лица упатил препораки за отстранување на утврдените неправилности и подобрување на финансиското управување и законитоста во работењето на претпријатието. 

Преку партнерство до решенија за економски раст и подобри услови за работа, велат од Владата

Предлог-законот за високото образование и предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката посветуваат значително внимание на поврзувањето на високото образование со реалните потреби на стопанството.

На покана од Рубио Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“ – можност за продлабочување на соработката со САД

На покана на американскиот државен секретар Марко Рубио министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон. Ќе учествува на министерска конференција, посветена на заканите од политичкиот тероризам.

Дурмиши: Дел од трговците ги зголемиле маржите наместо да ги намалат цените

Контролите на Државниот пазарен инспекторат, спроведени кај повеќе од 700 производи, покажале значителни отстапувања во формирањето на цените во трговијата на мало. Според официјалните податоци за периодот од мај 2025 до мај 2026 година, просечниот раст на набавните цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена изнесувал 2,66 проценти, додека продажните цени во маркетите се зголемиле за 4,56 проценти. Овие податоци ги презентираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по седницата на Економско-социјалниот совет.

Започна измената на законот за студентски стандард, со кој во студентските домови ќе има места само за студенти до 30 години

Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

To top