Македонија

Линчи, жената што ги разби бариерите меѓу Македонците и Албанците повеќе од било кој друг во историјата

Првата дама, гарант дека во Кичево никому нема да фали влакно од главата

Во земјата каде што во најголем број случаи Македонците ставаат лајкови само на своите а Албанците ги поддржуваат само сонародниците таа во прилично совриена политичка атмосфера успеа да ги премости разликите и поделбите на етничка основа.

Линдита Линчи Лимани Јовановска ги освои срцата на сите луѓе со добри намери додека го поддржуваше својот сопруг за време на кампањата за локалите избори во Кичево.

На сопругата на новиот градоначалник на Кичево Александар Јовановски и беа доволни една изјава објавена на Фејсбук и неколку изјави за локални медиуми за да ги освести сите граѓани дека на Кичево не му треба Македонец или Албанец туку човек што ќе ја исчисти депонијата среде градот, ќе го реши проблемот со кучињата скитници и ќе стави ред во општото функционирање на главната крстосница меѓу Скопје и Охрид.

За својата изјава на Фејсбук во која побара граѓаните пред гласањето да размислуваат и за нејзините деца од мешан брак но и за сите други деца доби огромен број лајкови од сите граѓани на Кичево но и од цела Македонија.

 

Таа уште еднаш покажа дека кога во политиката се зборува со разум и со човечност, партиската, етничката или верската припадност не мора да создаваат разлика и секој може да биде обединител.

 

Линчи која во бракот со новиот градоначалник на Кичево има три дечиња во исто време е гаранција дека Јовановски кој веќе е познат по еднаков пристап кон сите граѓани без разлика на етничка, верска или полова припадност нема да му текне Кичево да го води со националистичка реторика и да дискриминира  некого затоа што е Рим, Албанец,  Турчин или нешто друго.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

To top