Македонија

Сиљановска-Давкова бара ЕУ да не оценува реално а не преку политички услови

Оценката да не базира на бугарските услови туку врз основа на критериумите од Копенхаген

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова бара ЕУ да ја оценува Македонија врз реалните параметри на Критериумите од Копенхаген а не врз субјективни политички услови.

 

Оваа забелешка Сиљановска-Давкова му ја пренесла денеска на шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој и го предал Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година.

 

,,Ги поздравивме позитивните резултати во рамките на Планот за раст, реформата на јавната администрација, како и успесите во Кластерите 3,4,5 и 6″, објави Сиљановска-Давкова која открива дека амбасадорот Рокас ги нотирал главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени.

 

,,Ги искажав моите забелешки на дел од констатациите во Извештајот коишто се однесуваат на Кластерот 1 и укажав на потребата евалуацијата да биде заснована врз Копенхагенските критериуми, а не врз политичките услови со коишто се соочуваме две децении”, смета ПретседателкатаГорданаСиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Деспотовски: Раководството на СДСМ се крие зад името на партијата за лични цели

Јован Деспотовски, член на СДСМ, во своја објава остро го критикува однесувањето на дел од моменталното раководство на партијата, обвинувајќи ги дека го користат името на СДСМ за лични агенди и потреби.

To top