Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде подоцна ќе заврши, пренесува РИА Новости.
„Русија разбира дека се врши невиден притисок врз Србија“, рече Песков.
„Ние го разбираме невидениот притисок што се врши врз Србите. Значи, приказната таму воопшто не е лесна. Ги разбираме тешкотиите со кои се соочуваат Србите“, одговори Песков на барањето да коментира за изјавата на Вучиќ дека републиката е подготвена да продава муниција на ЕУ.
„Последно што сакаме е оружјето произведено во нашата братска Србија да се користи против нашите војници. Тоа е последното што сакаме да го видиме“,изјави Песков за руските новинари.
Во мај годинава, руската надворешна разузнавачка служба изрази „длабока болка“ поради тоа што Србија, како што тврдат, го снабдува Киев со оружје. По тие обвинувања, Вучиќ најави дека ќе го суспендира извозот на муниција.