Свет

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

Во првите девет месеци од годината Туркије бележи историски раст во туризмот

Во првите девет месеци од годината Туркије бележи историски раст во туризмот. Над 50 милијарди долари приход од туризам се остварени во овој период од годината, што е зголемување за 5,7 проценти, во овој значаен економски сектор во земјата. Покрај растот на приходите, Туркије во првите девет месеци од годината бележи и раст на бројот на странските туристи кои ја посетиле земјата од 1,6 отсто, односно 50 милиони странски туристи.

Според податоците на специјализираната агенција на Обединетите нации која се занимава со развој, промоција и одржливост на туризмот на глобално ниво, Туркије во 2024 година била четвртиот најголем туристички пазар во светот. Во просек странските туристите од почетокот на годината во Туркије престојувале по 10,3 ноќи и трошеле по 103 американски долари по лице за една ноќ, што во споредба со истиот период од претходната година е зголемување за 7 проценти.

Министерот за култура и туризам на Република Туркије Мехмет Нури Ерсој нагласи дека резултатите недвосмислено говорат за значителен пораст и на бројот на посетители и на остварените приходи, и покрај бројните искушенија со кои се соочуваше туризмот во оваа медитеранска дестинација. „Првите девет месеци од 2025 година беа исполнети со значителни предизвици за нашиот регион. Ги почувствувавме ефектите од регионалните конфликти, како и сезонските промени предизвикани од глобалното затоплување.

Сепак, благодарение на нашата стратегија, успеавме да ги надминеме приходите за минатата година за 5,7 отсто и да постигнеме извонредни 50 милијарди американски долари. Ова е за прв пат во третиот квартал да го надминеме прагот од 50 милијарди долари. Очекуваме до крајот на годината да ја достигнеме целта од 64 милијарди долари приход“, нагласи министерот Ерсој. Русите и натаму остануваат најзастапени гости на турската ривиера, како и на бројните археолошки наоѓалишта на земјата.

Во првите три квартали Туркије била посетена од 5,33 милиони гости од Руската Федерација, а веднаш на второто место повторно е Германија, со 5,22 милиони посетители. Третиот најголем пазар, пак, продолжува да биде Обединетото Кралство, од каде во Туркије допатувале 3,54 милиони туристи во првите девет месеци од годинава.

Најнови вести од: Свет

Сеуште нема потврда од Пентагон: Иран објави дека четири балистички ракети го погодиле USS Abraham Lincoln во Персискиот Залив

Засега нема потврда за директни жртви или штети на USS Abraham Lincoln, но самото тврдење на ИРГК значително ја заострува реториката и ги зголемува ризиците.

По смртта на Али Хамнеи: Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи прогласи џихад против Америка и Израел

Еден од најавторитетните живи шиитски ајатоласи во Иран, Нaser Мекарем Ширази, денеска објави отворен повик за џихад против Соединетите Американски Држави и Израел, непосредно по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи во израелско-американските удари врз Техеран.

Привремениот совет пред одлука: Дали Иран ќе се откаже од фатвата на Хаменеи во време на војна?

Смртта на врховниот водач на Иран, ајатолах Али Хаменеи, во превентивните удари на Израел и САД врз Техеран, ја отвора вратата за потенцијална промена во иранската нуклеарна политика.

Кој ќе го наследи Хаменеи?: Формиран привремен совет, во меѓувреме Багдад гори во антиамерикански протести

Иран влегува во длабока политичка криза по потврдената смрт на врховниот водач ајатолах Али Хаменеи, убиен во заедничкиот превентивен напад на Израел и САД врз Техеран вчера.

Потврдена смртта на Хамнеи: 40-дневен период на жалост во Иран

Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи (86 години), е убиен во својата канцеларија во заедничките американско-израелски напади врз Иран, пренесува Ал Џезира и други меѓународни извори.

To top