Македонија

„Частовка“ за кафе од 500 евра: Толку мито барал Васев за да лечи пациенти, сведочеа роднини

Сведок обелодени дека давал мито во канцеларијата на доктор Васев

Скандалозните случувања на Клиниката за онкологија од минатото се предмет на судење во Основниот кривичен суд, за злоупотреба на терапијата во времето кога директор беше првообвинетиот Никола Васев.

Сведок на последното рочиште обелодени дека семејството морало да даде мито од 500 евра за лекот што го добивале од фрижидерот во канцеларијата на докторот Васев. Ваквото тврдење на сведокот произлеле од прашањето на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, дали имале проблем со обезбедување на терапијата. Сведокот рече дека имале проблем за нејзино обезбедување и најпрво оделе во Турција, но тоа ги чинело многу пари, па потоа на Клиниката, каде, како што рече, морале да дадат мито од 500 евра за да ја добијат секоја доза од терапијата. Лекот, како што појасни сведокот и бил даван на медицинска сестра за да го стави на пациентот.

– Немам документи, немам докази зошто не мислев дека ќе ми требаат. Ги исфрлив, но верувам ги има во досиејата, рече сведокот и дополни дека не пријавил мито бидејќи не знаел каде да пријави.

Парите според сведокот не биле давани пред медицинската сестра, туку дека влегувале во кабинетот на докторот, „се почастувале за кафе како што бил договорот” и потоа тој и го давал лекот на медицинска сестра.

Уште еден од сослушаните сведоци зборуваше за лекувањето на нејзината мајка од онкологот Симонида Црвенкова, за што не рече дека и биле барани и давала средства, но оти ги давала со срце и душа зошто спасот го гледала во докторката. Пред судот рече дека немала намера ништо што дала, на некого да го пререче, но, како сепак била изреволтирана од тоа што го дознала за случувањата на Клиниката.

На ова реагираше обвинетата докторка- онколог Симонида Црвенкова, која негираше дека некогаш побарала или добила средстав за нејзината работа.

-Целиот мој живот сум го посветила на себеобразување и доброто на пациентите и никогаш во животот ниту сум побарала, ниту сум добила, средства. Тоа е многу тешко обвинение за мене. Мене ми е многу жал, јас работам 30 години со оваа болест и јас знам што значи, изјави Црвенкова.

Одбраната на обвинетиот Васев се сомнева во усогласеност на прашањата на обвинителот и одговорите на сведоците.

Зошто Обвинителство не ги гони докторите и за примање поткуп, штом предлага сведоци кои изнесуваат такви тврдења. Ова прашање, по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Онкологија 1“ во изјава за медиумите го постави адвокатот Боби Спирковски, кој е дел од одбраната првообвинетиот во случајот, Нино Васев, поранешен директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Спирковски оцени дека на рочиштето денеска можеле да се слушнат многу контрадикторни работи, од кои може да се заклучи дека се однапред договорени и смислени за да им се наштети на обвинетите со, како што кажа, бомбастични изјави.

Коментирајќи ја изјавата на сведокот кој кажа дека откако ќе влезеле во кабинетот на Васев „се почестувале за кафе“, како што бил договорот и потоа тој го давал лекот на медицинска сестра за аплицирање, Спирковски рече дека најчудно е тоа што сведокот вели дека не го пријавил поткупот оти не знаел каде да го направи тоа.

„На прашањето зошто не сте го пријавиле доктор Васев, рече не знаев каде да го пријавам. Па се знае кога некој ти бара поткуп, каде се пријавува, во полиција. Како што и тој правел, тогаш кога, некои вработени биле фатени во кражба на лекови, пријавувал во полициската станица ‘Беко’“,изјави Спирковски.

Адвокатот, посочи дека, денеска имало уште едно сведочење за барање пари од друг доктор во постапката, што според него го отворање прашањето зошто обвинителството не ги обвинило лекарите и за давање и примање на поткуп.

„Прво, да разјасниме, една работа, од правен аспект оваа постапка не се води за кривично дело давање и земање поткуп. Ако Обвинителството имало такви сознанија, а очигледно имало штом ги предлага токму овие сведоци што даваат таков драстичен исказ, зашто не ги обвинило лекарите и за давање и примање на поткуп. Зошто, сега се оди со вакви сведоци, очигледно, однапред инструирани, бидејќи таа точно знае какви прашања да постави, а ние немаме никаков записник од сослушувањето на тие сведоци. Ние, едноставно бевме фатени неспремни. Тоа не се прави, тогаш нема одбрана, не знаеме што се случило, а таа се знае“,рече адвокатот.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Второобвинетата Мери Пешевска, претходно призна вина пред Судот, по што беше осудена на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет. 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче продолжува со бугарското сценарио за Македонија! Со Заев прифатија штетен договор и затоа сме сега под уцена и притисок!

Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава, но Македонија ќе продолжи со реформите и својот пат кон ЕУ!“ – реагира ВМРО ДПМНЕ. Во своето соопштение владејачката македонска партија истакнува: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија, да ја понижува сопствената држава, притоа заборавајќи дека тој и неговиот […]

Тага и бес во Босна – 12 загинати по пожарот во дом за стари лица во Тузла

На прозорецот имаше човек кому луѓе од улицата му дофрлаа да се засолни. Тој беше на прозорецот долго време. Чадот почна сè повеќе да ја исполнува неговата соба. Како беспомошно да нè гледаше. По неколку моменти, веќе го немаше. Ова е еден од морничавите моменти за кои сведочи фотографот Фарук Бегташагиќ, што го забележал додека го снимал пожарот на врвот од зградата во Домот за пензионери во Тузла што избувна.

Јавен повик до општините за изработка на официјални веб-страници

Јавниот повик е во насока на унапредување на дигиталната инфраструктура и зголемување на транспарентноста и пристапноста на локалните самоуправи. Право на пријавување имаат сите општини и институции од јавниот сектор, без разлика на нивната големина, број на жители или моменталниот статус на нивната веб страница.

Филипче: СДСМ е единствена партија која може да и парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави создавање на многу поширок, посилен и поорганизиран опозициски фронт во наредните месеци, со вклучување не само на политички чинители, туку и на граѓански организации.

Еден македонски кандидат за судија во Стразбур може да се соочи со отпор од Бугарија, Грција …

Менкиноски би можел да биде еден од најсериозните претставници на Македонија во финалната селекција, благодарение на неговата експертиза и долгорочна посветеност на човековите права

To top