Регион

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

редовна седница на Комисија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи. Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но всушност се меша во животите на илјадници луѓе кои работат, живеат и придонесуваат за развојот на Република Словенија, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво, што го пренесуваме интегрално.

Што носи предлог-законот – новиот член 68а од Законот за возачи:

Носителите на важечка возачка дозвола издадена во одредени земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија) ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола за словенечка без повторно да го полагаат практичниот дел од испитот, во рок од првата година по регистрацијата на живеалиштето во Словенија.

Пред замената, носителот на возачката дозвола мора да достави доказ за ментална и физичка способност за управување со возила – на овој начин се спазуваат безбедносните стандарди.

Истата постапка важи и за словенечките возачки дозволи во овие земји.

Агенција за иселеништво

Клучни цели на законот:

Поедноставување на процедурите за промена на возачките дозволи и елиминирање на непотребните бирократски пречки.

Намалување на административниот товар врз поединците и административните единици.

Овозможување на побрза интеграција на работниците и експертите на словенечкиот пазар на трудот.

Предлог-законот:

• елиминира неоправдани разлики и носи поедноставување кое е од витално значење;
• не значи намалување на безбедносните стандарди, бидејќи дозволите продолжуваат да се проверуваат;
• нема финансиски последици за буџетот, а воедно заштедува време и ресурси;
• овозможува побрзо вработување, помалку документација и поголема праведност за секој што живее и работи во нашата земја.

Ова е мал, но важен чекор кон поправедна, разумна и отворена земја која им верува на луѓето кои веќе имаат знаење, искуство и одговорност да возат.

Пратеничката Сандра Газинковски ги повика пратениците да го поддржат Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи.

-Ви благодарам на сите што придонесуваат Словенија да стане поотворено, поефикасно и поинклузивно општество! –
Во обраќањето рече пратеничката. (МИА)

Најнови вести од: Регион

Глаук Коњуфца ќе се обиде да формира влада во Косово по неуспешниот обид на Албин Курти

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му го довери мандатот за составување нова влада на Глаук Коњуфца, заменик-претседател на владејачкото движење „Самоопределување“ (LVV).

Секој десетти работник во Грција живее во ризик од сиромаштија

Според најновиот извештај „Клучни бројки за европските услови за живот 2025“, објавен од Европската комисија, дури 8,2 проценти од вработените граѓани на ЕУ во 2024 година биле изложени на ризик од сиромаштија, и покрај тоа што имале работа.

Во Грција започнува со работа нов рудник за злато – инвестиција тешка една милијарда долари

Инвестицијата изнесува 1 милијарда долари и до сега се завршени околу 70% од изградбата на рудникот. Од компанијата додаваат дека се работи за комбиниран рудник со затворен и површински коп, фокусиран на злато и бакар, односно ресурси кои се клучни за новата економија: златото како заштита од инфлација и несигурност, а бакарот за енергетската транзиција и електрификацијата.

To top