Бизнис

Околу 60 автобуси деновиве да се вратат на скопските улици, најави новиот скопски градоначалник

Ќе има и ревизија за состојбите во градските јавни претпријатија, тоа е нормално во овие процеси. Ќе следи ревизија и секој што се огрешил ќе има и одговорност, тука да нема дилеми.

Првиот човек на македонската метропола, новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави дека околу 40 камиони ќе бидат ставени во функција за собирање на ѓубрето низ градот, како и дека очекува околу 60 автобуси деновиве да се вратат на скопските улици. Тој деновиве контактирал со дел од вработените во ЈП „Комунална хигиена“ каде вели дека состојбата е алармантна и на услуга на граѓаните биле само 16 камиони.

  • Направивме напор и мислам дека вечерва околу 40 камиони ќе бидат ставени во функција. Во иста насока веќе разговараме со дел од стручните служби на ЈСП Скопје, што не го опфаќа директорот и раководството за кои во изминатиов период видовме дека нивниот капацитет како да не постои односно, дека е деструктивен за претпријатието и за јавноста. Ќе бидат итно преземени чекори во насока на адаптирање на сите автобуси кои со месеци стојат неисправни. Веќе утре ќе имам состанок со сите приватни авто-превозници и околу 60-тина автобуси ќе бидат пуштени во оптек. Тоа во првиот момент ќе го нормализира транспортот за да не дозволиме, оти доаѓа зима, студентите, средношколците, граѓаните и повозрасните лица да чекаат на ред за автобусите и да ја поминуваат голготата што беше во изминатиот период – рече Ѓорѓиевски по примањето на уверението за градоначалник.

Тој најави и брза ревизија во работењето на јавните градски претпријатија.

  • Ќе има и ревизија за состојбите во градските јавни претпријатија, тоа е нормално во овие процеси. Ќе следи ревизија и секој што се огрешил ќе има и одговорност, тука да нема дилеми – додаде тој.

Ѓорѓиевски најави и средба со своите противкандидати.

  • Ќе користам и идеи на моите противкандидати, деновиве ќе ги поканам да се видиме. Имаа добри идеи и зошто тие да не се искористат, како и идеите на граѓаните. Сѐ што и за милиметар ќе го подобри живеењето во градот ќе биде искористено – рече Ѓорѓиевски.

Тој најави дека рампите што се поставени пред влезот во Градот Скопје ќе бидат тргнати.

  • По примопредавањето прво ќе биде отстранување на рампите пред просториите на Градот Скопје за Градот да биде отворен за сите граѓани. Овој град не е мој, не е на неколкумниа, не е на политичка партија, туку е на народот и народот и медиумите треба да имаат достапност – рече Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Рекорден број на патници, македонските аеродроми со најголем раст

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се меѓу најбрзо растечките аеродроми во регионот, а ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и во наредниот период

Фирмите и инфлуенсерите ќе треба да добијат дозвола за giveaway игрите

Законот ги дефинира и поимите „лајкување” и „тагнување” како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта.

To top