Македонија

„Новата професорка по историја на универзитетот во Скопје“: Бугарски боксер за Цеца по скандалот во Велес

ВБА-шампионот и брат на многу попознатиот Кубрат Пулев со обид да биде духовит за пејачката прогласена за хероина во Бугарија

Бугарскиот професионален боксер Тервел Пулев им се приклучи на сладострасните коментари во Бугарија, кадешто од српската турбофолкерка Светлана Ражнатовиќ-Цеца направија хероина по скандалот со бугарското знаме што го нагрна на неодамнешниот концерт во Велес.

„Новата професорка по историја на универзитетот во Скопје“, прокомeнтира на социјалните мрежи освојувачот на бронзен медал на Олимписките игри 2012 во Лондон, европски вицешампион од Москва 2011 и од Анкара 2012, „бронзен“ од ЕП 2015 во Самоков, ВБА-шампион до 90 килограми и помлад брат на многу попознатиот боксерски шампион Кубрат Пулев.

Браќата Тервел и Кубрат ги носат имињата на бугарските ханови – првиот владеел во 8. век, а вториот во 7. век.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top