Спорт

Шкендија не доби „добиен“ меч со Јагјелонија во Конференциската лига

Македонскиот првак прими гол по 100 минути игра во Скопје и одигра „само“ нерешено 1:1 со Јагјелонија од Полска

Со примен гол во 10. минута од судиското надополнување на времето, фудбалерите на Шкендија одиграа „само“ нерешено 1:1 со Јагјелонија од Полска на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во третото коло од групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

„Само“ нерешено зошто македонскиот шампион водеше од 49. минута со голот на Лиридон Љатифи, а во последните четири минути имаше и играч повеќе по исклучувањето поради втор жолт картон на Хесус Имаз, но Серхио Лозано во „фотофинишот“ им го украде вториот триумф на тетовските „црвено-црни“.

Шкендија им го препушти поседот на топката (31:69 проценти) на фаворизираните гости, за кои во минатата сезона настапуваше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, но Полјаците имаа само еден удар кон противничката мрежа повеќе (8:7), а во рамките на голот беше израмнето (3:3).

Сепак, и со 4 бода, Шкендија засега е во кругот на екипите што одат понатаму – моментно е на 21. место – а, во следното коло на 27 ноември ќе ѝ гостува на Дрита во Приштина.

 

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top