Спорт

И Престон лајонс во трка за четвртфиналето во Австралискиот шампионат во фудбал

Некогашниот Престон Македонија ја оствари првата победа сезонава, славејќи со 2:1 кај Саут Хобарт во третото коло

Фудбалерите на Престон лајонс се вратија во трка за четвртфиналето во Австралискиот шампионат со победата од 2:1 над Саут Хобарт на негов терен во третото коло од групната фаза.

Клубот основан од македонската заедница во Мелбурн како Престон Македонија во 1947 година со првиот триумф сезонава се искачи на третото место во групата Д со 4 бода, еден помалку од Волонгонг вулвс и два од водечкиот Квинсленд лајонс.

Двете најуспешни екипи од групата продолжуваат меѓу осумте најдобри во вториот ранг на натпреварување на петтиот континент.

Таму со една нога е другиот македонски тим во лигата, Бродмидоу меџик, формиран во 1966 година како Њукасл Македонија и со зраци од Сонцето од Кутлеш во клупскиот грб, кој е лидер во групата Б со 8 бода.

 

Најнови вести од: Спорт

To top