Македонија

Приведени татко и син лихвари, за долг од 80.000 земале над 700.000 денари!

8,5 пати повеќе од позајмицата?!

Две лица од Кавадарци се приведени поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Според полицијата, осомничените на оштетено лице од Неготино му наплатиле над 700.000 денари за заем од 80.000 денари.

-Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но, бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари, појаснија од СВР – Велес.

По издадена судска наредба, како што додадоа, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што биле пронајдени предмети за кои постоело сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што потенцираа од СВР – Велес, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top