Македонија

Во притворот одат директорот Стоилев, министерот што нудел мито и двајцата посредници

Се расплеткува криминалот во Агенцијата за поддршка на земјоделството

По акција на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО‑ГОКК), денеска е одредена мерка притвор за директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, и уште четири лица поради основано сомнение за земање поткуп и противзаконско влијание.

Специјалниот судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и за осомничените Џ.Н.(77), А.Ф.(44), и Ф.Ф.(47) и И. С.(57) определи мерка притвор од 30 дена — поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. За петтата осомничена, Ј.К.(35), определен ѝ е куќен притвор. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Од договорените 50.000, директорот за земјоделските фондови фатен со 400 евра

Инспекцијата и истражителите од ОЈО‑ГОКК и Министерството за внатрешни работи вчера извршија претреси на повеќе локации. Стоилев е уапсен „на дело“ во акција за која имало пријава дека апликант понудил и дал мито за да му биде доделен договор преку програмата ИПАРД.

Според обвинението, првосомничениот – управител на правно лице – во периодот од крајот на февруари годинава до вчера повеќе пати му ветил подарок или парични средства од значителна вредност на директорот на Агенцијата за земјоделство. Останатите осомничени, меѓу кои даночен референт во УЈП Скопје и државен службеник во Министерството за земјоделство, го искористиле своето влијание и службената положба за да го поттикнат директорот да потпише договор за финансиска поддршка, иако правното лице не ги исполнувало условите од јавниот повик бр. 01/24. Директорот, по ветеното мито од 50.000 евра, потпишал договор и примил 400 евра, кои беа пронајдени при претрес.

Јавното обвинителство, оценувајќи дека се исполнети условите за одредување притвор, ги достави сите релевантни податоци до судот при Основниот кривичен суд, кој денеска донесе одлука.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

Мицкоски: Македонија има потреба од самодоверба

Доста бевме „Македончиња“, треба да бидеме Македонци. Македонија има потреба од народ што верува во своите способности. Има потреба од институции што работат, економија што создава вредност, образование што создава знаење а не просечност, порача премиерот

Сали: Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во 2007, оти беше без одлука на владата, a протестите на ДУИ се политички мотивирани!

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, изјави денеска Беким Сали од коалицијата Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Сали појасни дека новата постапка во Тетово веќе е започната, но овој пат ќе се води строго според законските прописи.

To top