Данска ќе ја забрани употребата на социјалните мрежи за помладите 15 години, објави денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност на деца над 13 години за пристап до одредени платформи.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен, во говор пред парламентот во октомври, повика на ограничување на употребата на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални мрежи растат за да го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, а ние сега ставаме крај на тоа“, кажа министерката за дигитализација Каролина Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот објавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Децата во Данска најмногу ги користат Снепчет, Јутјуб, Инстаграм и Тикток, соопшти владата.
Според анализата на данскиот орган за конкуренција и заштита на потрошувачите од февруари оваа година, младите луѓе во таа нордиска земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните мрежи. Данска го следи примерот на Австралија, која минатата година воведе забрана за социјални мрежи за лица под 16 години.