Македонија

Фрчкоски: Пендаровски и други „мешетарат без везе“ во СДСМ

Без да наведе имиња, Фрчкоски спомна и „еден пратеник и еден поранешен градоначалник кој се занесува“

Пораншниот шеф на државата, Стево Пендаровски, „мешетари внатре во СДСМ“, изјави професорот Љубомир Фрчкоски во гостувањето во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“.

Фрчкоски рече дека нема да зборува за имиња, но сепак директно го спомна Пендаровски за кој рече: „Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А, мешетари без везе…“, пренесе Плусинфо.

Порталот забележува дека во кулоарите веќе подолго време се шпекулира дека Стево Пендаровски води некаква иницијатива за реформи во СДСМ и во опозицискиот блок, но до овој момент за тоа никој не проговорил јавно.

Фрчкоски, кој има силни персонални позиции во екипата на Венко Филипче, забележува Плусинфо, очигледно не случајно ја избрал емисијата „Во центар“ прв јавно да го спомне и да го опомене Пендаровски, порачувајќи му дека неговото, како што вели, „мешетарење“, било „без везе“.

Зборувајќи за тоа кои лоби групи сакаат да го сменат Филипче, без да спомнува имиња, Фрчкоски спомна и „еден пратеник и еден поранешен градоначалник кој се занесува, не знам дали вмровциво го фатиле со кривични пријави, па сега го држат…“

Водителот Ефтов прецизираше дека станува збор за Оливер Спасовски и за Петре Шилегов, а Фрчкоски не го негираше тоа, но не пропушти да нагласи дека Венко Филипче заслужува поддршка.

Повеќе на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top