Македонија

Расте бројот на туристи во Македонија – од каде идат најмногу странски гости?!

Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8% во однос на истиот период минатата година. Домашните туристи бележат намалување од 1,4%, додека кај странските има раст од 9,6%.

Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8% во однос на истиот период минатата година. Домашните туристи бележат намалување од 1,4%, додека кај странските има раст од 9,6%. Во септември 2025 година во земјава престојувале 132.999 туристи, кои оствариле вкупно 262.686 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 24,6% се домашни, а 75,4% странски посетители. Кај ноќевањата, домашните туристи учествуваат со 31,8%, а странските со 68,2%.

Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8% во однос на истиот период минатата година. Домашните туристи бележат намалување од 1,4%, додека кај странските има раст од 9,6%.

Кај вкупните ноќевања е забележано зголемување од 0,9%, при што кај домашните туристи има пад од 3,8%, а кај странските раст од 7%.

Најмногу странски туристи во септември пристигнале од: Турција, Србија, Германија и Полска.

Најнови вести од: Македонија

Македонија отвора амбасада во Литванија

Амбасадата во Вилнус ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази ги спасува криминалците од СДСМ и ДУИ

Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ

To top