Македонија

Муцунски и Де Грот: Над 1,6 милијарди евра инвестиции од ЕИБ во Македонија(ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, по што беше потпишана Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, по што беше потпишана Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. На заедничката прес-конференција во Владата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го оцени овој чин како значаен чекор во продлабочувањето на врските со Европската Унија и зајакнувањето на партнерството со европските институции.

– На мое големо задоволство, денес во Владата, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и потпретседателот на Европската инвестициска банка, господинот Роберт де Гроот, одржавме состанок и потпишавме Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје – чин кој претставува значаен чекор во продлабочувањето на врските со Европската Унија и унапредување на партнерството со европските институции. Ова е силна потврда на довербата која оваа организација и Европската Унија ја имаат во нашата држава и во нејзиниот економски потенцијал. Од нашата независност до денес, ЕИБ има инвестирано над 1,6 милијарди евра во клучни сектори за стабилен развој на државата – инфраструктура, енергетика, транспорт, поддршка на малите и средните претпријатија, како и подобрување на животниот стандард преку модернизација на јавните услуги – истакна Муцунски.

Министерот нагласи дека отворањето на претставништвото ќе овозможи поблиска координација, поефикасна имплементација на проектите и поголем пристап до техничка и финансиска поддршка.

– Од денеска, ЕИБ ќе биде уште поблиску до државните институции, локалната самоуправа и македонските компании – давајќи им поддршка за реализација на нивните развојни инвестиции и проекти. Поблиското присуство на ЕИБ претставува јасен сигнал дека нашата држава се движи во насока на модерна, европска и конкурентна економија, отворена за инвестиции и ориентирана кон долгорочен и одржлив раст. Новата фаза на соработка во која влегуваме денес се совпаѓа со стратешките цели на Владата, забрзување на економската трансформација, поддршка на зелената транзиција, интеграција во европскиот економски и финансиски простор и усвојување на европските успешни практики и стандарди. Нашата заложба останува јасна, да создадеме услови за стабилен раст, нови инвестиции, зголемена конкурентност и поквалитетни услови за живот на граѓаните – рече Муцунски.

Тој изрази искрена благодарност до Де Грот и тимот на ЕИБ за посветеноста и подготвеноста да ја продлабочат соработката, поставувајќи основа за нови проекти со видливи резултати.

Потпретседателот Де Грот изјави дека е голема чест да се биде во држава каде ЕИБ е активна со децении, почнувајќи од финансирањето на железниците пред многу години, и додаде дека денеска слават нова одредница – потпишување на Договор со земја-домаќин.

– Навистина ми е драго што ги формализиравме односите на нашето претставништво и луѓето коишто ги имаме во нашето претставништво во Скопје. Од 1991 година, ние имаме договорено инвестиции од повеќе од 1,6 милијарди евра за поддржување на економијата, инфраструктурата, општините, како и малите и средните претпријатија, но потребно е и да го олесниме нивниот пристап до заеми. Ние навистина сме посветени на ова застапништво. Тоа го започнавме уште во 2022 година и сакаме да биде дел од пристапното патување на земјата, заедно со делегацијата на ЕУ – посочи Де Грот.

Тој изрази задоволство што соработката ќе продолжи со досегашниот интензитет во енергетиката, транспортот, поврзувањето, транзицијата кон обновливи извори на енергија, не само во Македонија, туку и во соседните земји, со особен акцент на сигурно снабдување со вода и санитетски услуги. – Она што е од наш особен интерес е третирањето на отпадните води, особено во главниот град – додаде Де Грот.

Тој нагласи дека партнерството со ЕИБ обезбедува многу средства за малите и средните претпријатија, а нивните техничари нудат помош за создавање нови проекти и пренос на знаења.

– А ова формално препознавање на статусот на ЕИБ во Северна Македонија ќе ни овозможи да ја продлабочиме врската, но и нашето портфолио да порасне во согласност со приоритетите на Владата. Како дел од тим Европа и од новиот план за раст на ЕК, подготвени сме да ги поддржиме нашите македонски партнери при испорачувањето на проекти коишто ќе имаат силно влијание и ќе промовираат одржлив развој, поврзување, зелена транзиција, како и подобрени здравствени и образовни услуги во полза на граѓаните. Уверен сум дека заедно може да изградиме посилна поцврста иднина за Северна Македонија и да помогнеме на вашиот пат кон пристапување кон ЕУ – заклучи Де Грот.

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните дождови, службите интервенираат низ Македонија

Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање. Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежните служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Водачот на најбројната бунтовничка група во Колумбија ФАРК повика на „обединување за борба против американска интервенција“

Водачот на најбројната бунтовничка група на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), Нестор Грегорио Вера, во видео порака, повика на обединување на сите герилци во оваа латиноамериканска земја со цел „борба против американската интервенција“. „Сенката на интервенционистичкиот орел се надвива подеднакво над сите. Судбината нè повикува да се обединиме. Ние не сме раштркани сили, ние сме следбеници на истата цел. Да го покажеме нашето единство со дела и да создадеме голем блок со кој ќе го истиснеме непријателот од нашата татковина“, им порача Грегорио Вера на членовите на Националната ослободителна армија (ELN) и Боливарската герилска армија, групи кои се отцепија од FARC.

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд, за да ги спречиме Русија и Кина да го земат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија и Кина да го преземат, велејќи дека тоа ќе се направи „на лесен или на тежок начин“. Острата изјава доаѓа по неодамнешните сигнали од Белата куќа дека администрацијата размислува да ја купи полусамостојната територија од Данска, но не ја исклучува опцијата за присилна анексија, пишува Би-Би-Си.

Денес гласаат болните и изнемоштените лица пред утрешните избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) посочуваат дека се е подготвено за повторените избори.

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Најнови вести

To top