Бизнис

„Лукоил Македонија“ има шанса да остане и да ги задржи 550-те вработени

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски изјави дека треба да и се даде шанса на „Лукоил Македонија“ и дека може да се снабдува со деривати од други земји. Инаку „Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од осум илјади 320 кубни метри.

Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски изјави дека треба да и се даде шанса на „Лукоил Македонија“ и дека може да се снабдува со деривати од други земји.

  • Имав средба со претставникот на Лукоил Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, Лукиол може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии – рече Бислимоски.

„Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од осум илјади 320 кубни метри.

Најнови вести од: Бизнис

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top