На 12 ноември 2020 година македонскиот фудбал го забележа својот најголем успех со триумфот на репрезентацијата против Грузија од 1:0 во Тбилиси во финалето од разигрувањето во Лигата на нациите, кој на Македонија ѝ донесе историски пласман на Европско првенство.
Победата за историја на стадионот „Борис Паихаѕе“ ја донесе најдобриот стрелец на македонскиот национален тим и тогашен капитен Горан Пандев, кој во 56. минута ја круниса филигранската акција во која учествуваа Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Составот на Игор Ангеловски тогаш ја освои дивизијата Ц од Лигата на нациите и се избори за ЕП следната година, на кое ги загубите натпреварите во Букурешт со Австрија (1:3) и со Украина (1:2), како и со соорганизаторот Холандија (0:3) во Амстердам, но со прикажаните игри остави поволен впечаток.
Радоста за македонската фудбалска вечност: