Свет

Автобус слета во бездна – десетици загинати и повредени (ВИДЕО)

Најмалку 37 патници загинаа во Перу откако автобус падна во клисура длабока 200 метри по судар со друго возило.

 

Несреќата се случила во раните утрински часови во среда на „тешка“ делница од Панамериканскиот автопат, кој ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, објави Би-Би-Си.

Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа скршнало од патот и паднало до брегот на реката Окоња.

Автобуските несреќи се чести во Перу, особено ноќе и на планински патишта. Причините често се лоши услови на патиштата, прекумерна брзина и недостаток на сигнализација.

Двајцата возачи наводно ја преживеале несреќата, која се случила на 780-тиот километар од јужниот дел на Панамериканскиот автопат.

Фотографиите од местото на настанот го покажуваат автобусот целосно уништен на дното на стрмна клисура, со скршени прозорци, смачкани труп и покрив.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top