Македонија

Мицкоски: Да се потсетиме со гордост на храброста и жртвата на сите што се изборија за нашата слобода

Духот на единството, достоинството и љубовта кон градот да не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје како место на мир, култура и заедништво, порача премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски со објава на Фејсбук ја честиташе годишнината од ослободувањето на Скопје.

„Честит 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје! Да се потсетиме со гордост на храброста и жртвата на сите што се изборија за нашата слобода“, честиташе премиерот преку објава на Фејсбук.

Премиерот воедно порача духот на единството, достоинството и љубовта кон градот да не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје како место на мир, култура и заедништво.

81 година слободно Скопје

 

 

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top