Македонија

Масакр во селото Завидинице, во Србија: Локален жител пукал врз соседите, двајца мртви и двајца повредени

Четиричлено семејство во селото Завидинице беше цел на оружен напад, според први информации, извршен од нивен сосед. Се уште не се познати мотивите за оваа трагедија.

Напаѓачот, кој беше уапсен од полицијата, денес убил две лица и ранил уште две во селото Завидинце кај Бабушница, во Србија. Напаѓачот пукал во татко и син, при што ги убил М. Л. (44) и тешко го ранил неговиот татко М. Л.,(69) додека идентитетот на уште еден загинат и уште една ранета жена е непознат. Мотивот за масакрот е непознат. Пукањето се случило денес, на 14 ноември 2025 година, околу 16 часот. Двајцата мажи биле убиени во дворот на семејната куќа. Недалеку од семејната куќа, каде што бил убиен М.Л., полицијата го пронашла осомничениот С.М. и тој веднаш бил приведен од полицијата. Овие инфрмации ги објавија српските информативни портали „Блиц“ и Информер“.

Натаму порталите информираат: Жители на Завидинице велат дека сè уште не знаат што точно се случило бидејќи злосторството се случило на периферијата на селото и оти, според нивните досегашни сознанија, трагедијата се случила во четиричлено семејство. „„Тоа се добри  и чесни луѓе, татко, мајка и два сина. Еден од нив има сериозни здравствени проблеми, поради кои не излегува никогаш од куќата. Јас сум го видела последен пат пред 15 години. Чувме дека е убиен некој од нивното семејство, но не знаеме сѐ уште што се случило точно.“ – изјави една жителка на селото Завидинце.

Целото село е блокирано со силни полициски единици. Пребарувањето на теренот и истрагата се во тек. – објавија „Блиц“ и „Информер“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

Samsung продолжува да бележи рекордна продажба на серијата Galaxy Z8 во Европа, при што продажбата на Galaxy Z Fold8 и Fold8 Ultra е зголемена за речиси 50% на годишно ниво

Сообраќајот од пребарувања за уредите на Samsung со преклопен екран во Европа се зголеми за над 260%, при што во септември достигна скок од 460%

Димитриеска-Кочоска: Со вториот ребаланс ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења

Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

(Фото): Неколку илјади посетители на прославата на третиот роденден на „Diamond Mall“ со Петар Грашо и Јелена Розга

Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија

Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да ја збогатува понудата на инстант игри што носат возбуда и надеж. Лоз што носи уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки, создаден за сите љубители на возбуда и адреналин.

To top