Свет

Злато во вредност од милијарди: Кина објавува историско минерално богатство

Кина денес ја објави веста за историско и економско откритие, пронајдено е најголемото поединечно наоѓалиште на злато во земјата во последните повеќе од 70 години.

Кина денес ја објави веста за историско и економско откритие, пронајдено е најголемото поединечно наоѓалиште на злато во земјата во последните повеќе од 70 години. Според Министерството за природни ресурси, рудникот за злато Дадонгоу, кој се наоѓа во североисточната покраина Лиаонинг, крие дури 1.444,49 тони докажани резерви, објавува Анадолија.

Како што објави државниот весник „Глобал тајмс“, рудникот веќе ја поминал проценката за економска профитабилност, со што се отвора патот за негов понатамошен развој и почеток на експлоатација. Локацијата е класифицирана како супер голем рудник со отворен коп, а официјалните податоци откриваат дека областа над 720 метри надморска височина содржи околу 2,586 милијарди тони руда. Просечниот удел на злато во рудата е 0,56 грама на тон.

Она што го прави ова откритие уште позначајно е невообичаено брзиот процес на истражување, кој траел само 15 месеци. Во извештајот се наведува дека овој ефикасен пристап би можел да стане модел за идно истражување на минерали со „краток циклус, висок квалитет“.

Најнови вести од: Свет

Трамп се закани: Ако Иран ги прифати условите „Епскиот бес“ ќе заврши, во спротивно ќе уследи засилено бомбардирање!

Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека ако Иран се согласи да ги исполни договорените услови, конфликтот ќе заврши, а Ормуската Теснинац би била отворена за сите, додека во спротивно ќе следи поинтензивно бомбардирање од претходно.

To top